Разградување на органската материја…

Брзо разградување на органската материја и создавање зрел хумус како  основа за плодноста на почвата.Во период од 40-50 дена, со правилна употрба на микробиолошките ѓубрива, органската материја потполно се разложува. За да се добие квалитетна почва, најважно е микробиолошките процеси да ги разградат растителните остатоци и останата органска материја бидејки со тоа се спречува депресијата (недостаток ) на азот (N), фосфор (P), калиум (K),калциум (Ca) и тн.

Ваков процес на депресија ќе се случи доколку количината на јаглерод е вон дозволените граници.  Количината на јаглеродот  во односот кон другите елементи ( С:N, С:Р , С:К )  не смее да биде поголем од ( 20:1). Во зрелиот хумус односот на јаглерод во однос на азотот е 10:1 што се смета за идеален однос. Ако СО2 е вон границите на дозволеното, микроорганизмите кои ги мобилизирале неопходните елементи ке ги испуштат истите дури тогаш кога односот ке биде под (20:1). Во тоа се состои “магијата” на микроорганизмите, како суштински дел од микробиолошките ѓубрива, кои допринесуваат за балансирање на односот на материите во почвата. На тој начин се објаснува оправданоста за замена на конвенционалните минерални ѓубрива со микробиолошките ѓубрива, кои преку процесите на хумификација и дехумификација на органската материја како и преку  азотофиксацијата (симбиотска или асимбиотска) на природен начин создаваат балансирана почва и исхрана на растенијата.

На пример  од арското ѓубре или од било кои органски остатоци по микробиолошки пат се создава маса од 3-3,5 т/ха хумусни материи, која подоцна се дехумифицира. Тука се воспоставува таканаречен баланс на поравнување или природна рамнотежа за внесување и изнесување на хранливите материи од почвата. Ова е доволно за коректни приноси и зачување на природната плодност на почвата, која почвата порано ја имала.  За потсетување е дека во составот на растенијата не влегуваат само азот, фосфор или калим туку во сувата маса има многу поголем процент  јагленород (47%), кислород ( 45%) како и водород (6.2%). Овие елементи  растенијата  ги земаат од природата непосредно а само 2% одпаѓаат на азотот, фосфорот и калиумот. Сево ова укажува дека преземањето на мерки со кои се придонесува подобра искористеност на доминантните соединенија (C, O и H), е многу важно и дека на таквите активности треба да се посвети поголемо влијание.

Накратко кажано, органските ѓубрива а меѓу нив и растителните остатоци третирани со микробиолошките ѓубрива  се идеална средина за азотофиксација, амонизација и нитрификација.

Покрај тоа во почвата се создава и јагленородната киселина која бавно ги разложува многуте неоргански и органски тешко растворливи соединенија, во кои е заробен фосфорот и калиумот. Со забавување на нивното спојување и нивното поврзување овие соединенија стануваат попристапни за растенијата.