Кружењето на фосфорот во почвата

Се знае дека фосфорот во почвата го има во просек околу 0,15%. Најголем дел во земјиштето се наоѓa во облик на неоргански соединенија а остатокот е во органски соединенија.  Тука спаѓаат нуклеинската киселина, фосфолипиди и др. Неговата достапност за растенијата во најголем дел зависи од PH вредноста во почвата. Растенијата го земаат од почвениот раствор во облик на јони на ортофосфорната киселина и Н2РО4 и НРО4. Кој јон ке биде усвоен зависи од рН вредноста на почвата. Најголем дел на фосфорот во почвата потекнува од карпите и минералите од матичните карпи од кои настанала почвата, како и од органските соединенија. Бидејки фосфорот во земјиштето се наоѓа во облици со различна растворливост многу е битен коефициентот на неговата достапност на билките како и негово враќање во земјиштето преку органсите материи. Овие процеси во најголем дел ги регулираат почвените бактерии кои се наоѓаат во  микробиолошките ѓубрива.

Од вкупните количини кои по органски пат се враќаат најголем дел се враќаат преку изумирањето на бактериите. Овој процес се нарекува фосфофикација и со него се создаваат соединенија за исхрана на растенијата.

Бактериите од вкупната тежина на своето тело содржат околу 30% фосфор

Фосфомобилизација е втор значаен процес. Овој процес нерастворливите терцијални фосфати се доведуваат во пристапни форми   фосфорот од алумосиликатите. Во состав на почвата алумосиликатите се застапени со 62%. ( тоа е неисцрпна материја). Бактериите од типот Bacilus Pseudomonas  ја потикнуваат минерализацијата на алумосиликатите каде ги мобилизираат достапните анјони во клеточната протоплазма. Во овој процес бактериите од алумосиликатите го црпат калциумот и го трансформираат во трикалциум фосфати, како и примарни и секундарни фосфати достапни за растенијата. Исто така кога од кристалната решетка на алумосиликатите ке се издвојат јоните на силициум, во организмот на бактериите по изумрувањето се трансформираат во фосфорни јони кои се достапни за растенијата.