Употреба во овоштарство

Овошните насади третирани со Оргалајф имаат многу посилно цветање, покрупни и изедначени плодови со поубави бои и многу поубав мирис и вкус. Плодовите по бербата  многу подолго остануваат свежи и подобро го поднесуваат транспортот. Бербата стасува порано за 7-15 дена во однос на растенијата третирани со хемиски ѓубрива. Растенијата својот полн род го даваат една година порано во однос на растенијата третирани со хемиски ѓубрива. Витаминот „ Ц“ кај плодовите се зголемува од 2-7, што придонесува да се зголеми имунитетот и отпорноста  на растенијата кон сите видови болести, суша, мраз и топлотни шокови. Инвазијата од инсекти врз растенијата се намалува. Микроорганизмите во Orgalife ѓубривото Ја подобруваат структурата на почвата, и го регулира водено-воздушниот режим.

 

Програма за третирање за 1 хектар

Фолијарно третирање:

4-7 третирања  со 10-30 литра на хектар.   Се разредува со вода. Бројот на фолијарните третирања и количината на Оргалајф зависи од видот и староста на растенијата и квалитетот на почвата. Кај фолијарното третирање важно е да се нанесе препорачаната количина на Оргалајф. Количината на водата зависи од видот на пумпата (колку литри вода троши на 1 хектар)

Според нашето долгогодишно искуство ги препорачуваме следните третмани

  • Прва апликација: По бербата на плодовите, 10 -20 лит./хектар* Orgalife – со цел растението да се подготви за зима, а на пролет да стартува со повеке родни папки.
  • Втора апликација: Зимско прскање, 10-20 лит/ха* Orgalife, заедно со бело или жолто масло и инсектицид.
  • Трета апликација: во рана пролет 10-20 лит./ха* Orgalife, заедно со фунгицид , органски бор и цинк  дополнително (доколку има потреба) за да се заштитат растенијата од слана и пролетни мразеви.
  • Четврта апликација: По паѓање на 60- 70 % од цветовите, 10-20 лит./ха* Orgalife, во комбинација  со инсектицид.
  • Петта апликација : По формирањето на плодовите, тоа е 10 дена по цветањето 10- 20 лит./ха* Orgalife, – за да се задржат плодовите.
  • Шеста апликација: Во плодонесење, 20-30лит./ха* Orgalife – за покрупни и изедначени плодови.
  • Седма апликација (доколку има потреба) : Кога има поголем род од нормалниот на растението му е потребно повеке храна, 20-30 лит./ха*, Orgalife.

*Количината на Orgalife зависи од квалитетот на почвата и од староста на растенијата.

НАПОМЕНА :Поради заштеда на гориво и работна рака. Се препорачува кога овошјата се третираат со заштитни средства да се третираат заедно со Orgalife

 

Систем капка по капка:    2-3 третирања со 20-30 литра/хeктар

Со фолијарното третирање Orgalife кој ке падне на лист е храна преку лист, а она што ке падне на почва е храна преку почва.

Препорачуваме:

По кроењето гранките да се мелат ( со приклучна машина мелачка на гранки ) се третираат со Orgalife  и потоа почвата плитко се заорува или фрезира. Микробиолошката флора, всушност големиот број на корисни микроорганизми и зрел хумус во почвата се основ за планирање на добар,здрав и квалитетен род.

Добра земјоделска пракса:  со Orgalife 63 тона/хектар, со конвенционални ѓубрива 35тони/хектар

ENG