Градинарски кутури

ФОЛИЈАРНО ТРЕТИРАЊЕ

На секој 10-15 дена; 10-20 литра на хектар

Оргалајф се разредува со вода. Ако се третира со грбна пумпа од 16 литра, се додав 600-700 грама Oргалајф. Ако се прска со тракторска прскалка тогаш на еден хектар се додава 10-20 литра оргалајф за едно третирање. Важно е да се нанесе препорачаната количина на оргалајф. Количината на вода зависи од тоа колку прскалката троши вода на еден хектар.

Бројот на третирања и количина на Оргалајф зависи од видот на растението, големина и квалитетот на почвата.

Растенија кои се берат во повеќе наврати бројот на третирања се зголемува (пипер, домат, корнишин, краставица и др.)

Растенијата кои се берат еднаш или два пати, потребни се 2-3 третирања (компир, зелка. цвекло и др.)

 Од нашето долгогодишно искуство ги препорачуваме следните третирања:

Прво третирање:  600-700 грама оргалајф на пумпа од 16 литра вода.

  • 10-15 дена пред почеток на спремање на расадот,  почвата на која ќе се насее семето се третира со Оргалјаф. Најдобро е да се направи микс од 20-30 % и квалитетна почва или компост.

Второ третирање:  600-700 грама оргалајф на пумпа од 16 литра вода.

  • Расадот се третира на секои 7-10.

Трето третирање:

  • Пред расадување на расадот, почвата треба да се истретира со Оргалајф, за да се направи еден вид на дезинфекција на почвата и бактериите кои се содржат во Оргалајф. Во почвата Орглајаф недостапните бактерии од почвата, ги прават лесно достапни за растенијата. Почвата така станува повеќе плодна.

Чертврто третирање:

  • Веднаш по расадувањето.

Пето третирање:

  • Пред цветање, за да се обезбеди пообемно цветање.

Шесто третирање:

  • Шесто и наредните третирања по бербите или по секоја втора берба.

Со ова третирање. Очекувано е да се добијта поголем број на цветови, побрзо созревање, повеќе берби,  покрупни и повкусни плодови кои подолго време остануваат свежи.

ВАЖНО

Доколку воочите дека растението многу брзо расте намалете ги дозите и количината на Оргалајф или едноставно за кратко време прекинете со третирање.

Добрата пракса кажува дека најдобриот домат во селото е добиен со само 3 третирања со Орагалајф.

СИСТЕМ КАПКА ПО КАПКА:

1-3 третирања во тек на вегетација

Доколку не користите систем капка, тогаш прскајте ја почвата со фолијарен метод. Покрај храна на растението преку лист, Оргалајф ќе биде нанесен и на почвата, па тоа ке биде храна преку почва.