Употреба во лозарството

ФОЛИЈАРНО ТРЕТИРАЊЕ

Според нашето долгогодишно искуство ги препорачуваме следните третмани.

3 –4 третирања:  10 – 20 литра  на хектар.      Се разредува со вода

  • Прво третирање: На есен по изнесување на родот.  Со ова третирање растенијата  полесно ке се справат со екстремно ниски температури, а пролетта ке ја пречекаат подготвени за поголем и здрав род.
  • Второ третирање: Веднаш по пуштање на младите ластари.
  • Трето третирање: По појава на гроздаци.
  • Четврто третирање: По формирање на гроздови

Бројот на фолијарните третирања и количината на Оргалајф зависи од сортата и староста на лозовиот насад како и од квалитетот на почвата.

Кај фолијарното третирање важно е да се нанесе препорачаната количина на Оргалајф.

Количината на водата зависи од пумпата (колку литра вода троши на 1 хектар).

Систем капка по капка:  1 – 2 третирања, 20- 30 литра / хектар.

БЕНЕФИТ ОД УПОТРЕБА НА ОРГАЛАЈФ (Orgalife)

Винарии кои произведуваат врвни вина ке ги намалат третирањата со заштитни средства, а можат и да остават поголем род, кој ке биде многу поквалитетен во однос на родот кој се третира со хемиски ѓубрива.

Витаминот ‘‘ Ц ‘‘ кај плодовите третирани со Oргалајф  се зголемува од 2-7 пати така што се зголемува имунитетот а на тој начин и отпорноста на растенијата кон сите видови болести,суша,мраз и топлотни шокови.

Големиот број на корисни микроорганизми во најголем дел ке ги уништат  штетните микрооганизми кои ги предизвикуваат  растителните болести.

Се зголемува процентот на шекерот

Со фолијарното третирање на Оргалајф, оној дел од течноста  кој ке падне на лист е храна преку лист а оној кој ке падне на почва е храна преку почва.

Препорачуваме

По кроењето сувите гранки се мелат ( со приклучна машина мелачка на гранки ) се третираат со Оргалајф и потоа почвата се заорува или фрезира.

Вишокот зелена маса која се отстранува во тек на вегетацијата исто така се меле. Оваа органска материја не смее да се потцени.

Микробиолошката флора, всушност големиот број на корисни микроорганизми и зрел хумус во почвата се основ за планирање на добар и квалитетен род.

Микроорганизмите од Оргалаф ја поправаат структурата на почвата и го регулираат водно-воздушниот режим.