Употреба кај житните култури

ФОЛИЈАРНО;   3 ТРЕТИРАЊА

Прво третирање: 10-15 лит./Ха. Веднаш по жетвата.  Се меша со вода. Количината на вода зависи од тоа колкава количина вода троши пумпата за да помине/испрска еден хектар.

Важно е да се нанесе препорачаната количина на Оргалајф ( пример ако пумпата троши 300 литра на хектар се става 10.15 литра Оргалајф. Ако пумпата троши 250 литра вода на хектар пак се става 10-15 литра оргалајф. )

Најдобри резултати се постигнуваат кога Оргалајф се употребува веднаш по жетвата. По жетвата, жетвените остатоци (сламата) се сецкаат и се третираат со Оргалајф. Многу е важно Оргалајф ѓубривото рамномерно да се нанесе на површината на почвата и потоа плитко се заора или да се помине со тањирача.

Целта е жетвените остатоци (сламата)  да се покријат со почва

За околу 6о-тина дена микроорганизмите од Оргалајф ѓубривото, жетвените остатоци (сламата) ќе ги  претвораат во зрел хумус. Микроорганизмите значително ја зголемуваат органската материја во почвата. Хумусот ја задржува влагата во почвата па и во сушниот период од годината растенијата имаат доволно влага. А тоа резултира со значително поголеми приноси.

Второ третирање:  20 литра на хектар.  

На пролет кога температурата на воздухот ке биде над 10 степени. Не е важно колку ќе пораснат растенијата. По правило со Оргалајф се прска многу подоцна во однос на хемиските ѓубрива. По второто третирање за десетина дена растенијата ќе ги прераснат житарките третирани со хемиски ѓубрива.

Трето  третирање:  20 литра на хектар.   На пролет 20 -30 дена по второто третирање.  Житото ако е пораснато, слободно газете го со трактор. Од не изгазените површини, со користење на Оргалајф, ќе добиете поголем род.

За максимален ефект по површината може рамномерно да се растури и арско ѓубриво или пак растителни остатоци од други култури.

Микробиолошката флора, голем број на корисни микроорганизми и зрел хумус во почвата, се основ за планирање на добар и квалитетен род.

Бактериите многу тешко изумираат во оваа фаза, затоа што ако не им одговараат моменталните услови тие се заштитуваат со пуштање на спори (хибернираат) и на тој начин чекаат погоден момент за дејствување. Дејствуваат најчесто кога температурата во земјата е над 6 степени или во воздухот над 10 степени.

Праксата покажува дека семето третирано со Оргалајф  дава одлични резултати при р’тење, никнување и вкоренување на стебленцата, со што растот и развојот на растението е неспоредливо подобар од било кој друг облик на третирање при сеидбата.

ОРГАЛАЈФ НЕ БИ ТРЕБАЛО ДА СЕ МЕША СО ДРУГИ СРЕДСТВА А ОСЕБЕНО ДА НЕ СЕ МЕША СО ФУНГИЦИДИ

ОРГАЛИФЕ СЕ ПРИМЕНУВА ЕДНОСТАВНО И СО МНОГУ ПОМАЛИ ТРОШОЦИ

БЕНЕФИТ

Зголемен процент на протеини  (глутен) и други параметри на зрното.