100% ЧИСТО И ПРИРОДНО - органско микробиолошко ѓубриво, биостимулатор и подобрувач на почва
Orgalife течно органско ѓубриво
Оргалајф е течно органско микробиолошко ѓубриво, биостимулатор и подобрувач на почва подготвено од база на ѓубриво (casting) од калифорниски црви. Оргалајф ѓубривото ја обезбедува и балансира исхраната на растенијата на сосема поинаков начин отколку класичните хемиски ѓубрива. Микроорганизмите се носечкиот квалитет на Оргалајф ѓубривото. Тие се добиени по природен пат, од кастинг на калифорниски црви, процес кој трае една година. Микроорганизмите од Оргалајф ѓубривото, ги трансформираат недостапните форми на елементи од почвата и воздухот,во лесно достапни форми за растенијата и на тој начин возможува исхраната на растенијата да се одвива преку природните физиолошките процеси во почвата и растенијата (да не се naправи забуна/мешање со продуктот чај од црви –worm tea)
Orgalife цврсто органско ѓубриво
ORGALIFE цврсто (хумусно) ѓубриво е високо квалитетно органско микробиолошко ѓубриво, биостимулатор и подобрувач на почва во цврста состојба, добиено со преработка на арско ѓубре од страна на калифорниски црвени црви. Калифорниските црви го преработуваат арското ѓубре во период од една година (процес препознаен како кастинг*). Ѓубривото поминува низ фаза на сушење и сеење. Како финален продукт се добива фина гранулација на хумус од калифорниски црви, во цврста состојба. Оргалајф хумусот е цврсто ѓубриво богато со сите органогени елементи, микроелементи и биоактивни микроорганизми. Идеално е за употреба во органското земјоделие (но и во конвенционално). Се аплицира непосредно до/над коренот. Не може да се предозира. Растенијата лесно и брзо го прифаќаат и ги искористуваат бенефитите од микробиолошкиот состав на Оргалајф цврстото ѓубриво.