Калиумот во почвата се наоѓа во кристалната мрежа на минералите каде го има 90% од вкупната количината во почвата. Поред овој постои фиксиран незаменлив и променлив калиум. Количината на калиум е повеќекратно поголема од фосфорот и азотот во земјиштето односно околу 2.40%. Единствено се доведува во прашање неговата достапност за растенијата. За негово ослободување и доведување во состојба во која растенијата ке можат да го користат најголема улога имаат бактериите а посебно бактеријата Bacilus cirkullans. Исто така и калиумот се ослободува во поголема количина од алумосиликатите, каде од кристалната решетка се издвојуваат алуминиеви и силициумови оксиди во кои се наоѓаат алкални К-катјони. Тука микроорганизмите вршат хидролиза, при што К-катјони се заменуваат со Н јони од водата, а ослободениот К јон преминува во сол на киселините и носат предзнак на калиум. Луцинот се покажал како замена на калиумовите соли.
Сите овие процеси се појавуваат во балансирана форма. При користењето на Оргалајф ѓубривото нема екстра натрупување на одредени елементи (како при премена на хемиските ѓубрива) од причина што се работи за природни физиолошки процеси во почвата како резултат на егзиситерањето и еволутивните процеси на почвените микроорганизми.