ОРГАЛАЈФ цврсто (хумусно) ѓубриво е високо квалитетно Органско микробиолошко *Ѓубриво, Подобрувач на почва и Биостимулатор во цврста состојба, добиено со преработка на арско ѓубре од страна на калифорниски црвени црви. Калифорниските црви го преработуваат арското ѓубре во период од една година (процес препознаен како кастинг*). Ѓубривото поминува низ фаза на сушење и сеење. Како финален продукт се добива фина гранулација на хумус од калифорниски црви, во цврста состојба. Оргалајф хумусот е цврсто ѓубриво богато со сите органогени елементи, микроелементи и биоактивни микроорганизми. Идеално е за употреба во органското земјоделие (но и во конвенционално). Се аплицира непосредно до/над коренот. Не може да се предозира. Растенијата лесно и брзо го прифаќаат и ги искористуваат бенефитите од микробиолошкиот состав на Оргалајф цврстото ѓубриво. Оргалајф цврстото ѓубриво, од просечен квалитет, содржи: 5 пати повеќе азот, 7 пати повеќе фосфор, 11 пати повеќе калиум и 3 пати повеќе магнезиум од арското ѓубре.
Арското ѓубре кое не поминува низ процесот на преработка од калифорниски црви е пренесувач на повеке плевели, растителни болести и нематоди.
=Кастинг е процес при кој калифорниските црви преработуваат/користат за храна арско ѓубриво од крави/коњи/овци.
=Компост од калифорниски црви е процес при кој црвите се хранат со остатоци од храна или растенија.
*Решение за евидентирање во листа на ѓубрива, Биостимулатори и Подобрувачи на својствата на почвата УП1 Бр. 25-388/17, (Министерство за Земјоделие Шумарство и Водостопанство- Фитосанитарна управа)
Дозирање
Кај градинарски култури
При производство на расад потребно е во неутрална подлога (тресет) измешана со 10% песок, да се додаде мин. 10 % Оргалајф цврсто ѓубриво. Почвата во која ке се пикира расадот предходно треба да се измеша со 10 % Оргалајф цврсто ѓубриво, а потоа да се истретира со Оргалаф течно ѓубриво. Во време кога растенијата ке стасаат за расадување, најдобро е во дупките во кои ке се ставаат растенијата да се стави 80-100 гр. Оргалајф цврсто ѓубриво, па коренот на растението да биде во директен контакт со ѓубриво.
Исто така Оргалајф цврстото ѓубриво може, пред садење, да се расфрла врз почвата во количина од 3-4 тона на хектар и потоа плитко да се заора со трактор.
Кај овошни насади
- Пред садење, коренот на новата садница се натопува во каша (микс) од Оргалајф течно ѓубриво и вода
- При садење овошни дрвца, се става 1,5 – 2 кг. Оргалајф цврсто ѓубриво во дупката за садница
- На дрва до 5 год. се става 1,5 – 2 кг. Оргалајф цврсто ( под/над површина на земјата околу стеблото)
- На дрва постари од 5 год. се става 2 – 3 кг. Оргалајф цврсто
- За поголем род и растенијата да бидат поотпорни на мраз препорачуваме есенско ѓубрење со Оргалајф хумус, а на пролет растенијата да се третираат со Оргалајф течно ѓубриво.
- Полниот род кај новите насади кои се третирааат со Оргалајф цврсто и Оргалајф течно ѓубриво стасува порано за една година.
Кај Лозови насади
- При производство на лозови калеми пред садење се става 600 – 700 гр./ м2 Оргалајф цврсто
- При садење на лозови насади на една садница се става 300 – 400 гр. Оргалајф цврсто.
- Прихранување на лозови насади се врши со 1 – 3 кг./ на садница Оргалајф цврсто ѓубриво, во зависност од староста на лозата: до 5 год се става1 кг. / на садница; од 5 – 10 год. 2 кг. / на садница. и преку 10 год. се става 3 кг. / на садница
- Во пролет препорачуваме и 2 фолијарни третирања со Оргалајф течно ѓубриво.
- Онаму каде што има систем капка по капка, есенското ѓубрење треба биде со Оргалајф течно ѓубриво
- Полниот род кај новите насади кои се третирааат со Оргалајф цврсто ѓубриво и Оргалајф течно ѓубриво стасува порано за една година.