Употреба во овоштарство

ФОЛИЈАРНИ   ТРЕТИРАЊА

3-5 фолијарни третирања 

Оргалајф се разредува со вода. Ако се третира со грбна пумпа на 10 литра вода оди 1/2литар Оргалајф. Ако се третира со атомизер на 1 хектар оди 10-20 литра Оргалајф. Бројот на третирања и количината на Оргалајф зависи од сортата и староста на овошјето и квалитетот на почвата

Важно е да се нанесе препорачаната количина на Оргалајф. Количината на вода зависи од тоа колку вода троши пумпата да се испрска еден хектар

Според нашето долгогодишно искуство ги препорачуваме следните третмани со Оргалајф

Прва апликација:   10 лит/хектар

Во есен по берба на  плодовите (  додека има зелена лисна маса)

Со оваа апликација растенијата се спремаат за зима да не дојде до измрзнување и за пролет да имаат повеќе родни папки.

Втора апликација: 10 лит/хектар

Во пролет заедно со инсектицид против црвливост.

Трета апликација:  10 лит/хектар

По формирање на плодовите,да се задржат плодовите.

Четврта апликација:  20 лит/хектар

Во плодоносење, за покрупни и изедначени плодови.

Пета апликација:  20 лит/хектар

Во плодоносење, за покрупни и изедначени плодови 20 лит/хeктар

Систем капка по капка:    1-2 третирања со 20-30 литра/хeктар

БЕНЕФИТ

Овошните насади третирани со Оргалајф имаат многу посилно цветање, покрупни и изедначени плодови со поубави бои и многу поубав мирис и вкус. Плодовите по бербата  многу подолго остануваат свежи и подобро го поднесуваат транспортот. Бербата стасува порано за 7-15 дена во однос на растенијата третирани со хемиски ѓубрива. Растенијата својот полн род го даваат една година порано во однос на растенијата третирани со хемиски ѓубрива. Витаминот „ Ц“ кај плодовите се зголемува од 2-7пати ( кај јаболкото 5 пати ,кај крушката 7 пати) што придонесува да се зголеми имунитетот и отпорноста  на растенијата кон сите видови болести, суша, мраз и топлотни шокови. Инвазијата од инсекти врз растенијата се намалува. Микроорганизмите во Orgalife ѓубривото ја подобруваат структурата на почвата, и го регулираат водно-воздушниот режим.

Препорачуваме:

По кроењето гранките да се мелат ( со приклучна машина мелачка на гранки ), па да се третираат со Orgalife  и потоа почвата плитко да се заора или фрезира. Микробиолошката флора, всушност големиот број на корисни микроорганизми и зрел хумус во почвата се основ за планирање на добар, здрав и квалитетен род.

ОРГАЛАЈФ СЕ ПРИМЕНУВА ЕДНОСТАВНО И СО МНОГУ ПОМАЛИ ТРОШОЦИ