Оргалајф е течно Oрганско микробиолошко *Ѓубриво, Подобрувач на почва и Биостимулатор, подготвено од база на ѓубриво (casting) од калифорниски црви.
Оргалајф ѓубривото ја обезбедува и балансира исхраната на растенијата на сосема поинаков начин отколку класичните хемиски ѓубрива. Микроорганизмите се носечкиот квалитет на Оргалајф ѓубривото. Тие се добиени по природен пат, од кастинг на калифорниски црви, процес кој трае една година. Микроорганизмите од Оргалајф ѓубривото, ги трансформираат недостапните форми на елементи од почвата и воздухот,во лесно достапни форми за растенијата и на тој начин возможува исхраната на растенијата да се одвива преку природните физиолошките процеси во почвата и растенијата (да не се naправи забуна/мешање со продуктот чај од црви –worm tea).
*Решение за евидентирање во листа на Ѓубрива, Биостимулатори и Подобрувачи на својствата на почвата УП1 Бр. 25-388/17, (Министерство за Земјоделие Шумарство и Водостопанство- Фитосанитарна управа)
Зошто ORGALIFE?
- Претставува универзална замена за минералните ѓубрива и е погоден за производство на органски чиста храна за луѓето и животните.
- Ги разложува ( многу брзо) растителните остатоци ( лигноцелулозата) и на тој начин го балансира односот на јагленородот (C) во однос на другите елементи N,P,K (под 20:1) и ги прави елементите достапни за растенијата.
- За период од една година на еден хектар, од воздухот синтетизира и задржува во почвата 120 до 140 кг азот.
- Го зголемува коефициентот на искористување на фосфорот и калиумот од алумосиликатите, преку ослободување големи количества на овие елементи, од изумрените бактерии.
- За период од една година на еден хектар изумрените микроорганизми оставаат 10 тона органска материја.
- Изумрените бактерии од вкупната тежина на својата структура содржат околу 30 % фосфор
- Ги биосинтетизира во вода растворливите и нерастворливите полисахариди, ја подобрува структурата на почвата, и го регулира водено-воздушниот режим.
- Ги синтетизира фитохормоните ( Цитокинин, Ауксин и Гиберелин ) кои го подобруваат р’тењето, вкоренувањето, растот и развојот на растенијата, а времето на стасување на плодовите е пократко за 8-10 дена.
- Ја намалува употребата на хемиски заштитни средства во текот на вегетацијата, ја зголемува отпорноста на растенијата со брзото разлагање на органската материја со што ги елиминира заразите кои доаѓаат од тој облик на биомаса.
- Се применува едноставно и со значително помали трошоци, и не е отровeн за луѓето.
- Има способност на синтетизирање на слузави материи во почвата со што се спречува збивањето односно слепувањето на микроагрегатот, што придонесува во формирањето на фина и растресена структура на почвата, па значително се заштедува при орањето и обработката на почвата.
- Продуцира витамини од “Б” групата и антибиотици кои ги штитат растенијата од фитопатогени бактерии, со што се намалува потребата од користење на фунгициди.
Влијание врз плодовите:
- Поголем род за мин. 20 %
- Плодовите се покрупни со поизразени бои и со многу поубав мирис и вкус.
- Зголемен процент на витамин “ С “ во плодовите за 2 – 7 пати
- Порано созревање на плодовите за 5-8 дена.
- Плодовите подолго остануваат свежи и подобро го поднесуваат транспортот.
Влијание врз растенијата:
- Оргалајф ѓубривото ја обезбедува и балансира исхраната на растенијата.
- Растенијата контролирано го користат азотот и конечно содржат 75% амонијачен и 25% нитратен азот што е сон на секое растение. (Нитратите во поголеми количини се штетни за лугето и растенијата)
- Микроорганизмите го стимулираат растот и развојот на растенијата, ја зголемуваат нивната отпорност кон повеке растителни болести, суша и мраз, го намалуваат процентот на измрзнување при екстремно ниски температури a топлотните температурни шокови подобро ги поднесуваат.
- Растенијата имаат многу поздрав и побогато развиен коренов систем, поголемо стебло, пополна крошна и поголем број листови.
- Семињата третирани со оргалајф побргу никнуваат, подобро се вкоренуваат и имаат многу подобар раст и развој
- Листовите за (3-5) дена добиваат темно зелена боја.
- Кај растенијата чии плодовите се берат во повеке наврати, плодовите побргу созреваат. Кај овие растенија третирани со други видови ѓубрива завршува бербата а кај истите растенија третирани со Оргалајф се добива уште една до две берби
- Приносите кај овие растенија се поголеми за мин. 20 %
Влијание врз почвата:
- Оргалајф ѓубривото структурално на природен начин ја регулира микрофлората на почвата и врши биомелиорација на истата.
- Големиот број на микроорганизми со своите ферменти ја оживуваат почвата и ја зголемуваат нејзината плодност.
- Микроорганизмите кои се составен дел од ова ѓубриво се во директна врска со преструктуирање на ѓубрењето. Заради својот метаболизам, микроорганизмите се во состојба да поднесат екстремни услови на егзистирање во почвата и на тој начин да бидат многу долго присутни во нејзе.
- Микроорганизмите се размножуваат со делење. Една единка за 24 часа произведува околу десет милијарди единки. Во период од една година на еден хектар изумрените тела на бактерите оставаат 10 тона органска материа, и најголемиот дел се хумифицира во зрел хумус.
(според Стеван Бошњак дипл.инг.спец.)
Микроорганизмите во Оргалајф ѓубривото ги стимулираат следните процеси:
- Брзо разградување на органската материја и создавање зрел хумус како основа за плодноста на почвата (прочитај повеќе…)
- Азотофиксацијата на молекуларниот азот од ваздухот (почитај повеќе…)
- Кружењето на фосфорот во почвата (прочитај повеќе…)
- Синтеза на Калиум (прочитај повеќе…)
Сите овие процеси се појавуваат во балансирана форма. При користењето на Orgalife ѓубривото нема екстра натрупување на одредени елементи (како при премена на хемиските ѓубрива) од причина што се работи за природни физиолошки процеси во почвата како резултат на егзиситерањето и еволутивните процеси на почвените микроорганизми.
Апликација
Апликација (преку): систем капка по капка, фолијарно преку прскалки, атомизери, авионско распрашување.
Примена: 1-3 litri Orgalife на 1 декар. Бројот на третирања и потребната количина на Оргалајф зависи од видот на растението и од квалитетот на почвата. Износот и фреквенцијата на употреба зависи од видот на растението и квалитетот на почвата. Orgalife се раствора во количина на вода која е потребна за да се испрска еден хектар. Може да се раствори во 150 литри, но и во повеќе доколку е потребно. Важно е да се нанесе количина на Orgalife која е препорачаната за еден декар (или хектар) дозирана за секое растение посебно.
Пред употреба (енергично) да се протресе!
Начин на чување: 0°/+25° степени. Да се чува на темно место.
Тоскичност: не претставува опасност за здравјето на луѓето, животните и пчелите
НЕ МОЖЕ ДА СЕ ПРЕДОЗИРА
Дозирања (следи ги линковите):
МИКРОБИОЛОШКИ АНАЛИЗИ
(pH = 7.55)
- вкупен број на аеробни мезофилни бактерии……..8,2*108 [CFUs / mL]
- вкупен број квасци…………………………………………………….1,8*104 [CFUs / mL]
- вкупен број мувли………………………………………………………2,7*103 [CFUs / mL]
- вкупен број на аеробни спорогени бактерии……….2,3*108 [CFUs / mL]
- број на Bacillus megaterium………………………………………1,1*108 [CFUs / mL]
- вкупен број на актиномицети………………………………….9,2*105 [CFUs / mL]
- вкупен број на азотофиксатори………………………………1,2*107 [CFUs / mL]
- број на Azotobacter spp………………………………………………..1*107 [CFUs / mL]
- вкупен број на нитрификатори…………………………….….1,9*106 [CFUs / mL]
- вкупен број на денитрификатори…………………………..1,3*105 [CFUs / mL]
- вкупен број на целулолитички бактерии………………6,1*105 [CFUs / mL]
*Во лабораториските услови – микробиоцидно дејство врз растителните болести: пепелница, пламеница, краставост на овошјето, ervinia, alternaria sp, fusarium, botrytis sp, ventilia pirina, verticilium sp.
ХЕМИСКИ АНАЛИЗИ
- Органиски материи…………………..51.10 %
- Вкупно хумусни киселини…………..3.70 %
- Вкупно Фулво киселини(ТHE)…….4.10 %
- Суви материи…………….. 2.72 %
- Азот N……………………….. 2.44 %
- Фосфор P2O5………………2.43 %
- Калиум К2О…………………3.53 %
- Калциум CaО………………3.82 %
- Магнезиум Mg……………..0.98 %
- Железо Fe…………………….0.89 %
- Манган Mn…………………….460 мг/кг (ппм)
- Арсен As………………………..<0.5 мг/кг (ппм)
- Бор B……..……………………………75 мг/кг (ппм)
- Кадмиум Cd……………………..<0.5 мг/кг (ппм)
- Хром Cr…………………………..<0.5 мг/кг (ппм)
- Бакар Cu……………………………<0.1 мг/кг (ппм)
- Жива Hg…………………………<0.1 мг/кг (ппм)
- Никел Ni…………………………<0.5 мг/кг (ппм)
- Олово Pb……………………….0.90 мг/кг (ппм)
- Калај Sn…………………………<0.5 мг/кг (ппм)
- Цинк Zn………………………….230 мг/кг (ппм)
- pH…………………………………..6.83
- Електроспроводливост…..1625 µS/sm
(*вредностите може да бидат во рамките на +/- 5 % од прикажаните)