На секој 7-15 дена со 10-20 литра на хектар .Се разредува со вода. Бројот на третирања и количината на Оргалајф течно ѓубриво зависи од видот на растението и од квалитетот на почвата. Кај фолијарното третирање битно е да се нанесе препорачаната количина на Оргалајф на хектар. Количината на водата зависи од пумпата (колку литри вода троши на хектар)
Според нашето долгогодишно искуство ги препорачуваме следните третмани
- Прва апликација: 10 дена пред почеток на производство на расад. Со Оргалифе се третира почвата во која се подготвува расадот.
- Втора апликација : Се третира расадот на 7-10 дена.
- Трета апликација : Се третира почвата кадешто ке се расадуваат растенијата. 10-15 дена пред расадувањето.Во време кога растенијата ке стасаат за расадување најдобро е во дупките во кои ке се стават растенијата прво да се стави 50-70 грама Оргалајф цврсто ѓубриво при што коренот на растението треба да биде во директен контакт со Оргалајф (цврстото ѓубриво).
- Четврта апликација : Веднаш по расадувањето.
- Пета апликација: Пред цветање – да се обезбеди пообемно и посилно цветање.
- Шеста (и евентуално наредна) апликација: Во плодоносењето, по секој бран на берба за покрупни и изедначени плодови и побрзо созревање на плодовите.
Во случај на пообемно цветање и повеке плодови од нормалното, (при што коренот не може да ги прехрани сите плодови ефикасно) препорачуваме почесто фолијарно третирање со Оргалајф.
Систем капка:
На секои 7-15 дена, со 20-30 литри/хектар, за повеќе цветови,побрзо созревање како и повеќе и поголеми плодови