Употреба во лозарството

Употреба на Оргалајф во лозарството

Винарии кои произведуваат врвни вина ке ги намалат третирањата со заштитни средства, а можат и да остават поголем род, кој ке биде многу поквалитетен во однос на родот кој се третира со хемиски ѓубрива.

Витаминот ‘‘ Ц ‘‘ кај плодовите третирани со Oргалајф и глистал се зголемува од 2-7 пати така што се зголемува имунитетот а на тој начин и отпорноста на растенијата кон сите видови болести,суша,мраз и топлотни шокови.

Големиот број на корисни микроорганизми (100-120  милијарди во 1мл³.) во најголем дел ке ги уништат  штетните микрооганизми кои ги предизвикуваат  растителните болести.

Новите насади третирани со Оргалајф течно+ Оргалајф цврстото ѓубриво, својот полн род  го даваат една година порано во однос на насадите третирани со хемиски ѓубрива.

Според нашето долгогодишно искуство ги препорачуваме следните третмани.

Програма за фолијарно третирање за еден хектар

3 -5 третирања:  20 – 30 литра    Се разредува со вода

  • Прва апликација: На есен по изнесување на родот.  Со ова третирање растенијата  полесно ке се справат со екстремно ниски температури, а пролетта ке ја пречекаат подготвени за поголем и здрав род.
  • Втора апликација: Веднаш по пуштање на младите ластари.
  • Трета апликација: По цветањето.
  • Четврта (и евентуално наредна) апликација: Во плодоносењето

Бројот на фолијарните третирања и количината на Оргалајф зависи од сортата и староста на лозовиот насад како и од квалитетот на почвата.

Кај фолијарното третирање важно е да се нанесе препорачаната количина на Оргалајф.

Количината на водата зависи од пумпата (колку литра вода троши на 1 хектар)

Систем капка по капка:  1 – 2 третирања,  30 литра / хектар

На насади каде нема систем капка по капка се препорачуваат уште 1-2 фолијарни третирања.

Со фолијарното третирање на Оргалајф, оној дел од течноста  кој ке падне на лист е храна преку лист а оној кој ке падне на почва е храна преку почва.

 

Препорачуваме

По кроењето сувите гранки се мелат ( со приклучна машина мелачка на гранки ) се третираат со Оргалајф и потоа почвата се заорува или фрезира.

Вишокот зелена маса која се отстранува во пролет исто така се меле. Оваа органска материја не смее да се потцени.

Микробиолошката флора, всушност големиот број на корисни микроорганизми и зрел хумус во почвата се основ за планирање на добар и квалитетен род.

ENG