Употреба кај житните култури

Микробиолошката флора, голем број на корисни микроорганизми и зрел хумус во почвата се основ за планирање на добар и квалитетен род.

Најдобри резултати се постигнуваат кога Оргалајф се употребува веднаш по жетвата. По жетвата веднаш, сламата се сецка  и   се третира со Оргалајф. Многу е важно Оргалајф ѓубривото рамномерно да се нанесе на површината, потоа плитко се  заорува.

Микроорганизмите значително ја зголемуваат органската материја во почвата. За околу 6о дена микроорганизмите од Оргалајф ѓубривото, сламата ја претвораат во зрел хумус. Хумусот ја задржува влагата во почвата па и во сушниот период од годината растенијата имаат доволно влага а тоа резултира со значително поголеми приноси.

За максимален ефект по површината може рамномерно да се растури и арско ѓубриво или пак растителни остатоци од други култури.

Бактериите многу тешко изумираат во оваа фаза, затоа што ако не им одговараат моменталните услови тие се заштитуваат со пуштање на спори (хибернираат) и на тој начин чекаат погоден момент за дејствување. Дејствуваат најчесто кога температурата во земјата е над 6 степени или во воздухот над 10 степени.

Праксата покажува дека семето третирано со Оргалајф  дава одлични резултати при р’тење, никнување и вкоренување на стебленцата, со што растот и развојот на растението е неспоредливо подобар од било кој друг облик на третирање при сеидбата.

Бидејќи растенијата одлично се развиваат и напредуваат, тие создаваат потенцијал за максимален род. Препорачливо е кон крајот на фебруар или почеток на март (пролетно третирање) уште  две апликации, со што се гарантира рекорден принос.

Доза за едно третирање:  30-40 литра на хектар

ВАРИЈАНТИ ЗА ТРЕТИРАЊЕ

Варијанта 1

  • Прва апликација :   веднаш по изнесување на родот
  • ( Услов е да се третира сламата што беше претхдно опишано )
  • Втора апликација :  на пролет- прихрана со Оргалајф
  • Трета апликација :  на пролет- прихрана со Оргалајф

Варијанта 2

  • Прва апликација: на есен по никнување на растението
  • Втора апликација : на пролет – прихрана со Оргалајф
  • Трета апликација:  на пролет – прихрана со Оргалајф

Варијанта 3

  • Прва апликација: минерално ѓубре на есен
  • Втора апликација : на пролет  -прихрана со Оргалајф
  • Трета апликација:  на пролет прихрана со Оргалајф

Процентот на глутенот се накачува над 30%. Оргалајф ги намалува болестите кај растенијата за 50-80%. Болестите кај житарките можат да го намалат родот дури и за 30 % со Оргалајф ѓубривото се меша заедно со хербицидите и инсектицидите. По можност да не се третира по сончево време. Најдобро е да се третира рано наутро, попладне, или по облачно време. Температурата на воздухот треба да биде над 10 а  на почвата над 6 целзиус степени. Се применува едноставно и со значително помали трошоци.

ENG